Нема нови осомничени во случајот со убиствата на Вања и Панче

Нема нови осомничени лица за страшното убиство на девојчето Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. Шефот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, на денешниот брифинг со новинарите рече дека во случајот со убиствата не гледа пречка за брзо завршување на постапката за екстрадиција на првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо од Турција.Тој на денешниот брифинг со новинарите сподели дека предметот е во сериозна фаза.

– Нема нови осомничени лица. Предметот е во фаза на истрага. Правниот дел во делот за екстрадиција е завршен. Останува делот од Турција, за кој што немам последни сознанија. Предметот е веќе во средна, сериозна фаза, можеби за брзо ќе има нешто кога ќе заврши екстрадицијата и не гледам никаква пречка тоа да се заврши брзо, посочи Бубевски.

Во врска со партијата Десна, која продолжи со работа, а дел од осомничените се членови, Бубевски додаде дека нема докази дека партиски влијанија имале некаква врска со дејствијата во случајот.

Инаку, малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.
Претходна вестНова ликовна поставка во Галеријата „Матица“
Следна вестМалолетник нападнат од врсници во Карпош