Лабораторијата на МАНУ ќе испитува примероци од четири лица од Тетово за кои има сомнение дека се заболени од јужноафриканскиот сој на коронавирусот..
-Од МАНУ ме информираа дека има четири случаи што треба да бидат секвенционирани, а се суспектни на јужноафриканскиот сој – лицата се од Тетово, објави денеска министерот Венко Филипче.
Тој посочи дека ова покажува оти во земјата, веројатно, се присутни и други соеви на коронавирусот.
Тој рече дека освен тие десет досега потврдени, нема други случаи со делта-сојот, кои ги регистрирале лабораториите во ИЈЗ, „Жан Митрев“…