Нема починати од ковид во изминатите 24 часа – нови 236 заразени

Во последните 24 часа направени се 2.212 тестови, а регистрирани се 236 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 125, Битола – 29, Кавадраци – 12, Прилеп и Гевгелија – по 10, Охрид – 9, Ресен – 7, Кичево – 6, Куманово – 5, Струмица – 4, Велес – 3, Гостивар ,Штип, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 2, Тетово Кочани, Берово, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (236), регистрирани се 38 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани нови починати лица.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.947, бројот на оздравени пациенти е 296.166, на починати е 9.231, а бројот на активни случаи изнесува 1.550, од кои 835 во Скопје.

Претходна вестВ четврток и петок два часа протест на судовите поради платите
Следна вестГас има до крај на април, за после ќе видиме