Нема повредени, но стариот објект кај адвокатската улица е пеплосан

Без жртви и повредени, само со сериозна материјална штета чија висина допрва се утврдува, вака доцна синоќа заврши гаснењето на пожарот во скопската адвокатска улица.

Почна некаде околу 21 часот, а првата фотографија ја објави МИА. Се запалил стар објект, веднаш за кафеаната „Стара куќа“. За среќа, и покрај густата поставеност на околните куќи и канцеларии, навреме е интервенирано за да не се прошири – а одело брзо.

По некое време, како што соопшти командирот на скопската противпожарна единица Владимир Симоновски, откако интервенирале со 4 противпожарни возила огнот бил целосно изгаснат.

До овој момент нема официјални информации за причините на настанувањето.

Претходна вестСе тресеше во Албанија, но се почувствува и во југозападна Македонија
Следна вестОд вечерва почнуваат Денови на рускиот јазик и култура во Македонија