Нема притвор за екс директорот на ЕСМ Ковачевски за случајот „Адитив“

Се уште нема официјалнна информација каде се наоѓа поранешниот директор на Електрани Македонија Васко Ковачевски, осомничен во случајот Адитив.

За него Обвинителството предложи мерки на претпазливост – одземање на пасошот и повремено јавување во Судот, но за него нема потерница. Министерот за внатрешни Панче Тошковски како што рече е вчудовиден што обвинителството не барало притвор и за него, прашан околу тоа дали МВР го известило Обвинителството Ковачевски е недостапен за органите на прогонот.

-Од наша страна се преземени сите дејствија за информирање на јавното обвинителство, известено е писмено и усмено за лицето. Јавниот обвинител од ОЈО-ГОКК сметал дека не треба да бара таква мерка согласно одредбите од ЗКП. Иако мене ако ме прашате лично, малку сум вчудоневиден, како лице за кое се сомневаме дека е вклучен во криминал д околу 6,5 милиони евра, само за тоа лице – Обвинителството не побара најстрога мерка. Јавното обвинителство имало право, а и ако ме прашате мене – морало, да побара притвор. Зошто не го сториле не знам. Судот не можел да изрече најстрога мерка, ако не било побарано, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи

И за случајот Државна лотарија откако во рамки на истрагата вчера беше сопственикот на кумановската компанија „Ритрон копи“, Тошковски вели дека се истражуваат и други сомненија за сторен криминал. Тој денеска ги презентираше резултатите за сработеното на МВР откако е на министерската позиција. Тошковски зборуваше за спроведените полициски акции и идни проекти, а поддршка за полицијата даде и премиерот Мицкоски.

-Начекавме хаос. Ситуацијата беше на работ на колапс, но со натчовечко залагање на сите вклучени успеавме да воведеме ред во издавањето личните документи. Никогаш повеќе македонскиот граѓанин нема да биде понижуван со бескрајни редици и изгубени часови. Воведовме одржливи решенија преку дигитализација и автоматизација на процесите, додаде Панче Тошковски.

-Она коешто е важна порака е дека никој не треба да биде над законот и Уставот и не смее да биде над законот и Уставот. Поминаа времињата како до сега. Треба да се бориме против сите оние корумпирани елементи во општеството и ќе се бориме, истакна Христијан Мицкоски.

На презентацијата присуствуваше и државниот обвинител Љупчо Коцевски како и директорот на АНБ Бојан Христовски, а по завршувањето на настанот беа презентирани и реквизити што ги користи полицијата.

Претходна вестМицкоски: Владата во вторник ќе донесе Одлука за доделување средства на ЈСП, за бесплатен превоз на студентите
Следна вестКривичниот суд го одбил барањето на ОЈО да му одреди мерки на претпазливост за Ковачевски