Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска кажа дека времето кога функционерите го злоупотребувале јавното претпријатие и користеле бесплатен паркинг заврши. Најави дека ЈП „Градски паркинг“ мора да биде сервис на граѓаните и да работи домаќински во интерес на сите граѓани.
Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски најави дека во соработка со Град Скопје и Општина Аеродром, се воведува зонско паркирање на неколку локации на територија на општината, за што реализирани се теренски посети, средби со граѓани, а од страна на општина спроведена е и анкета за изразување интерес.
-Предвидени се локации за организирање на зонско паркирање во делот на стар Аеродром – поточно реонот на левата страна од ул. „Владимир Комаров“, кај Поликлиника Јане Сандански и реонот долж улицата „Симеон Кавракиров“”, истакна Муцунски.