Кошаркарот на УНИКС од Казан, Ненад Димитријевиќ, е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига. УНИКС прв заврши во лигата, прв пат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваковиот успех.
Сезонава 26-годишниот Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки. Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4-1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против московска ЦСКА забележа рекордни 40 поени со 9 асистенции и 6 скока.
-За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/2024, изјави Димитријевиќ и додаде:
-Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим УНИКС, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.
Нено во УНИКС дојде во сезоната 2022/2023 како позајмен од Валенсија, а по завршувањето на истата потпиша перманентен договор со клубот од Казан.