Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ ќе игра во нов клуб во новата сезона затоа што од Уникс Казан се пресели во Олимпија Милано.
Пред почетокот на сезоната, клубот од Италија ги потврди новите бројки кои ќе ги носат играчите. Димитријевиќ во тимот од „чизмата“ ќе го носи дресот со број еден.
Плејмејкерот доаѓа од Уникс со завидни бројки зад себе и со МВП-титула во тамошната ВТБ-лига, па очекувањата затоа се и високи. За првпат во кариерата, Нено ќе игра во Евролигата.
Сезоната 2024-25 на Олимпија Милано започнува денеска, а на 26 август е закажан и првиот тренинг. Нашиот плејмејкер со италијанската екипа ќе настапи во Евролигата, а првиот натпревар во ова елитно натпреварување ќе го има на 3 октомври на гости против францускиот Монако. Пред првите официјални натпревари Италијанците закажа шест контролни мечеви.