Ненадејно почина 14-годишник од битолско, му се слошило на роденденска прослава

Малолетник ненедајно почина вчера за време на роденденската прослава што се оддржувала во атарот на битолското село Крстоар.

Според информацијата на СВР Битола, вчера, попладне околу 16 часот и 45 минути, од Итната медицинска помош Битола било пријавено дека околу 15.30 часот во атарот на село Крстоар, битолско, на 14-годишен малолетник од Битола му се слошило.

-Тој паднал по што бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што лекар констатирал смрт без траги на насилство, соопшти битолската полиција.

Според кажувања на родители чии деца биле присутни на забавата, момчето, наводно било гостин на роденденска прослава кај свое другарче и попладнето во еден момент додека си играле на ливадата, во близина на Крстоарски манастир, со останатите деца, му се слошило и паднало на земја. Веднаш била повика итна медицинска помош.

По смртта на малолетникот, бил извршен увид, а по наредба на јавниот обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Претходна вестЗа преговорите за нова Влада се чека на екипирање на работните групи
Следна вестДЕН НА КУЛТУРАТА ВО СООБРАЌАЈОТ