Нестабилно со пороен дожд, грмежи и град

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 л/м²), силен ветер и изолирана појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 16 до 27 степени.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено попладне кога во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и појава на град.

Температурата изутрина ќе изнесува 16, додека дневната ќе достигне 24 степени.

Претходна вестУапсен е таткото на момчето кое тешко повреди наставник во Лукавац
Следна вестПукање во Приштина, изрешетан автомобил со македонски таблички, убиено едно лице