Несторовски се извини, но Ангеловски сепак го отстрани од тимот за мечот со Германија

Фудбалскиот репрезентативец Илија Несторовски денеска се извини за пцовката искажана пред телевизиските камeри откако постигна гол, но слекторот Игор Ангеловски сепак го отстрани од тимот за претстојниот меч со Германија. Несторовски кој непромислено постапи од постигнатиот гол против Лихтенштајн предизвика револт и лавина реакции во јавноста.

Несторовски се извини на јавноста и потенцираше дека навредата не била за оние кои го критикуваат.

-Се извинувам на секој што сметаше дека зборовите се упатени на јавноста. Не се упатени на јавноста, но како што веќе реков, на одредени луѓе. Не го направив тоа под притисок од публиката или од резултатот, туку го направив со студена глава. За мене, Македонија е над сè! Јас гордо ја носев лентата како Македонец во Хрватска и Италија, и сите знаете што значи тоа! И секаде ја претставував Македонија најдобро што можам, бидејќи тие не ја даваат лентата како странец лесно! Како може некој тогаш да помисли дека им се обраќам на сите критичари додека ја имам лентата во тој момент! Беше за поединци, објасни Несторовски.

Но, селекторот Ангеловски денеска преку сајтот на Фудбалската федерација на Македонија соопшти за дека Несторовски е ослободен од обврските за претстојниот меч. Тој синоќа најави дека ќе реши што да прави откако ќе ја прегледа снимката.

-Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија, нагласи Ангеловски.

Претходна вестЌе шпацирате со рака во џеб или ќе одговорите на нечуената лага?
Следна вестКонечно, по три поскапувања: Од ноќеска поевтини горива