Неверојатно достигнување на научниците, агресивни клетки на рак претворени во здрави мускули

Научници направија револуционерен подвиг, односно натераа агресивни видови рак кај деца да се претворат во здраво мускулно ткиво. Лекувањето на агресивните врсти рак кај децата секогаш е огромен предизвик, но благодарение на новиот третман кој го развија американски научници, тоа може целосно да се смени во иднина.

Имено, научници успеале да трансформираат клетки на рабдомиосаркома во пнормални, здрави мускулни клетки, што претставува напредок со потенцијални импликации не само за оваа бритална болест, туку и да други видови рак кај луѓето.

Како што вели молекуларниот биолог Кристофер Вакоц од американската лабораторија Спринг Харбор на Лонг Ајленд, клетките на туморот буквално се претвораат во мускули. Туморот ги губи сите атрибути на рак. Бидејќи сета негтова енергија и ресурси сега се посветени на контракција, не може да се врати назад во претходната состојба.

Рабдомиосаркомата, кој преовладува меѓу децата и адолецентите, обично настанува во скелетните мускули, додека мутираните клетки се шират и размножуваат и преземаат контрола над телото. Тој вид на рак е многу агресивен и често смртоносен, а стапката на преживување за групите со среден ризик е 50%-70%.

Терапиите на диференцијација е еден потенцијален пристап во лекувањето, а вклучува принудување на малите зрели клетки да продолжат да се развваат во одреден вид зрели клетки. Слично на недиференцираните матични клетки, клетките на ракот остануваат неразвиени. Новата терапија има за цел да ја поттикне нивната диференцијација.

Во претходните обиди Вакоц и неговиот тим успешно ја поништиле мутацијата на клетките пронајдени во Евингова саркома, друга форма на рак која преовладува кај децата и првенствени ги зафаќа коските.

Научниците сакале да го повторат успехот и со рабдомиосаркома, иако првично се предвидувало дека терапијата за диференцијација на тој вид на рак е со години оддалечена од човештвото. Истражувањето за нивниот успех е објавено во списанието „Proceedings of the National Academy of Sciences“.

 

Претходна вестПациентите во Англија ќе бидат првите во светот кои ќе имаат пристап до инјекција за лекување на рак
Следна вестРама и Дачиќ треба да одат на часови по оптимизам кај Ковачевски