Ни А ни Б од Телеграм: Не одговараат на барањата на МВР за „Јавна соба“, граѓаните на протест

Фото: Макфакс

Од компанијата која стои зад апликацијата Телеграм нема никаков одговор на барањата од нашето МВР во врска со групата „Јавна соба“ на која се споделуваа компромитирачки фотографии и лини податоци од жени, девојки и малолетнички.

Групата е затворена, но од компанијата нема никаков контакт ни комуникација, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

До нив се испратени барања врз основа на документи од ЈО и судот, но залудно.

Досега, за овој случај кој беше откриен минатат бедела и е втор од лани, приведени се 4 лица кои споделувале фотографии и податоци, извршен е претрес кај нив и одземени се телефони кои се вештачат во одделот за компјутерски криминал.

МВР следи и други сомнителни групи и на други апликации и на социјалните мрежи. Се следи и втора група слична на „Јавна соба“, во која има членови од други држави како Србија, а на која се приклучуваат и наши.

Денеска, во Скопје се одржа граѓански протест по повод овој срамен случај, на кој учесниците освен што порачаа дека се работи за кривично дело, побараа од институциите да реагираат брзо за да се казнат лицата кои учествувале во „Јавната соба“ и да се донесат законски измени.

На Јавното обвинителство му порачаа да се разбуди, дека е јавна соба и дека држава што не постапува, е држава што силува.

*Фотографијата е преземена од Макфакс

Претходна вестЗа пописот почна да се бара нов датум, во мај-јуни или идната година?
Следна вестДимитров: Интерпелацијата за мојата работа е збир од лажни вести