Ни маските за средношколците не се задолжителни, а може да се оди и на екскурзии

Комисијата за заразни болести на денешната седница препорача и во средните училишта маските за учениците да не бидат задолжителни, додека тоа останува обврска за наставничкиот кадар и за останатиот персонал.

Портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ рече дека оваа мерка е донесена поради добрата епидемиолошка состојба за која рече дека е оптимистичка со намалување на бројот на заразени и хоспитализирани, иако како што рече трансмисијата е во стагнација. Тој не го спомена бројот на починати, кој според неделната анализа на ИЈЗ е во пораст во споредба со минатата недела.

Исто така, Комисијата препорачува и дека може да се организираат екскурзии за основните и средните училишта.

За следните недели најави дека ако остане ваквата состојба ќе има укинување и на други мерки, но тоа нема да биде одеднаш за да не се дојде во ситуација како во некои европски земји кога поради наглото укинување на мерките пораснал бројот на заразените и на хоспитализираните.

За вакцинацијата рече дека и натаму е ниска поцентуално и ќе се работи на нејзино зголемување преку кампањи.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Претходна вестИ денеска нови 294 заразени, шестмина починати
Следна вестАдминистративно допишани се 132.260 лица, што се тие по националност?