Никако да се намали смртноста од ковид: 16 починаа во 24 часа, има и 333 нови заразени

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 16 починати лица: 4 починати лица од Скопје (42г, 54г, 64г и 80г), по 2 починати лица од Битола (33г и 86г), Штип (62г и 78г) и Кочани (55г и 82г) по  едно починато лице од Прилеп (74г), Охрид (86г), Велес (80г),Крива Паланка (77г), Богданци (58г) и Демир Хисар (83г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 30.11.2021.  Починатото лице е од Кавадарци, на возраст од 63г, невакцинирано и починато во болнички услови.

Направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 154, Битола и Прилеп – по 23, Кавадарци – 22, Куманово – 16, Охрид – 15, Штип – 9, Струмица – 8, Велес – 7, Тетово – 6, Делчево и Валандово – по 5, Крива Паланка, Ресен и Кратово – по 4, Кочани, Струга , Гевгелија и Неготино – по 3, Радовиш, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Крушево – по 2, Гостивар, Кичево, Свети Николе, Виница, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 376 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 216.328, бројот на оздравени пациенти е 200.669, на починати е 7.609, а бројот на активни случаи изнесува 8.050, од кои 3.835 во Скопје.

Претходна вестНа плоштадот Скендербег утре ќе се оддава почит на загинатите во автобуската несреќа
Следна вестБесплатни кеси само во продавниците за облека, обувки, козметика, аптеки