Никола Груевски на Саемот на книгата во Скопје

Eсеи за значајни историски мигови е содржина на новата книга на поранешниот македонски премиер Никола Груевски насловена како „Добро е да се знае“. Делото е со посвета на неговиот вујко Јордан Мијалков и неговата баба Благородна Мијалкова и во издание на издавачката куќа „Ѓурѓа“. Се работи за негови пишувања во периодот од 2017 година па до денес, текстови кои се рефлексии на различни настани актуелни и историски. Книгата ќе биде претставена на Саемот на книга кој започнува денеска во Скопје.

Во подолгиот текст објавен на Фејсбук, Груевски, кој сега е во егзил во Будимпешта, Унгарија, додека дома има неколку активни пресуди, би сакал на текстовите да се гледа само како на обид да го искаже својот личен став за теми и проблеми, за кои како што вели, „во општеството нема јасен став или ставовите се многубројни, а најчесто се различни и неретко поларизирани“.

-Со насловот на книгата „Добро е да се знае“, настојував, особено во ова време на сериозно негирање на македонскиот идентитет, име, јазик, националност и историја, да ги мотивирам, особено оние кои поретко се навраќаат кон тие теми од нашата национална историја, тоа да го прават почесто и да се навраќаат на сопствената национална историја, пишува Груевски.

Претходна вестВештачката интелегенција успеа да ги чита мислите на луѓето
Следна вестАмериканската војска следи уште еден мистериозен балон