Поранешниот младински репрезентативец на Македонија и Италија, Никола Секулов ќе го напушти Јувентус и ќе се пресели во Кремонезе, објавија италијанските медиуми. Секулов постигнал договор со италијанскиот второлигаш и треба само да ги помине лекарските прегледи за се да биде официјализирано. Секулов играше во развојниот тим на Јувентус до 23 години, а ги помина скоро сите младински генерации во торинскиот тим.
Кремонезе сезонава испадна од друштвото на најдобрите во Италија и во новата сезона ќе се натпреварува во Серија Б. Секулов во Кремона пристигнува како позајмен фудбалер, но клубот ќе има право да го откупи неговиот договор. Исто така Јувентус додаде и клазула според која може да го врати за одредена оштета во било кој момент.
Досега со вториот тим гигантот од Торино, Секулов играше во третолигашка конкуренција, а сега ќе има можност да биде дел од Серија Б.
Како што е позанто Секулов е роден во Пјаченца, а летово беше во посета на својот роден крај, Струмица и клубот од овој град, Беласица.