Николоски бара Обвинителството да го испита работењето на ЈП за државни патишта и ЖРСМ Инфраструктура

Повик до Јавното обвинителство да го испита работењето на ЖРСМ Инфраструктура и на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) врз основа на наводите од извештајот за јавните инвестиции на Државниот завод за ревизија, упати денеска министерот за транспорт и врски Александар Николоски.

Според Николоски, Извештајот отвора сомнеж за досегашното работење на ЈПДП, меѓу другото за патот Дреново – Градско за кој проект вели дека има ризици од арбитража, како и за  зголемената вредност на автопатот Кичево – Охрид за 175 милиони евра, а за кој се потрошени 446 милиони евра, а не е завршен и по 10 години од стартот на изградбата.

За третата фаза од пругата кон Бугарија каде вредноста  е зголемена  за 220 милиони евра односно на 560 милиони евра наместо првично планираните 340, според Николоски, во крајно нетранспарентен процес почната е тендерска постапка пред избори во услови кога, како што рече, сите знаеја дека ќе има промени на власта. Понуди на тендерот се доставуваат до денеска, но министерот посочи дека засега не може да направи ништо за евентуално поништување. Ќе следи процес на евалуација заедно ЈПДП и меѓународните  кредитори ќе се разговара за ревидирање на проектот.

– -Денес завршува рокот за прием на понуди за проектот кој ќе значи изградба на најскапа пруга, од пред Крива Паланка до граница со Бугарија. Притоа, таа ќе поминува низ Крива Паланка за што треба да се рушат десетина, можеби стотина куќи и ќе завршиме во тунел кој нема крај. Велам во тунел, затоа што поврзувањето со Бугарија е предвидено со тунел, а ние градиме само од нашата страна. Бугарија нема ни проект за ова. Таа има железничка пруга кон Македонија, но нема неколку километри и не знаеме што ќе се случи-рече Николовски, рече Николоски.

Ги повика меѓународните кредитори, како што рече, да седнат и да разговараат дали е ова начин и дали вреди вака да се трошат народните пари, а ЈО да го испита работењето на двете претпријатија.

По промена на раководството во ЈПДП најави дека ќе побара декласифицирање на Договорот со “Бехтел и Енка“ за автопатските делници на коридорите 8 и 10Д.

Претходна вестЦУК: Извлечена е екипата на брзата помош која беше заглавена во лифт во Кисела Вода
Следна вестСЗО: 1,8 милијарди луѓе се движат премалку, во ризик се од сериозни болести