Николов: Со Нено и Шортс ќе беше друга приказна, останува да дадеме се од себе

Александар Јончевски го скрати списокот и достави листа од 16 кошаркари на кои ќе смета на двата дуели кои следат со Литванија, со тоа што во репрезентацијата има и еден повратник во името на Кристијан Николов.

Плејмејкерот се врати за да ја зголеми ротацијата во тимот на Јончевски и се очекува да има доприност во отсуство на Нено Димитријевиќ, кој за жал поради клупски обврски не е ослободен за првиот меч кој се игра во Скопје.

Играчот на Олимпија Милано се очекува да настапи на вториот меч во Вилнус, но за разлика од него, Ти-Џеј Шортс нема да биде дел од двата натпревари.

– Тешко е сега да се прогнозира дали ќе се пласираме на Европското првенство, бидејќи секој натпревар е посебна приказна и не знаеме кој ќе игра, а кој не. Ги имаме Нено и Шортс кои играат во Евролигата и кога би биле тие тука, тоа ќе биде друга приказна. Допрва ќе ги анализираме и Литванците, знам дека и тие нема да бидат комплетни што ќе биде многу тешко за скаутинг, имаат и нов селектор, па ќе видиме што ќе се случи, – вели Николов и додава.

– На нас останува да дадеме се од себе, на нас е да изгинеме за секоја топка и да покажеме карактер, а останатото веројатно ќе дојде. Знам дека секој од моите соиграчи ќе извади максимум од своите сили и се надевам на позитивен резултат, – завршува плејмејкерот.

Претходна вестТомовски: Сите службени возила ќе добијат обележани таблици, ќе воведеме и телефонски линии каде граѓаните ќе ја пријавуваат нивната злоупотреба
Следна вестАрачиновец криумчарел мигранти од Иран