ВМРО-ДПМНЕ е најпрогресивната и најдемократската политичка партија во Македонија, рече на прес-конференција, претставничката на оваа партија Ружица Николовска, зборувајќи за најновите измени на партискиот Статут.
„Новите измени во партискиот Статут се револуционерни во насока на поголема демократија во водењето на партијата, повеќе право на одлучување на комитетите и членовите во водењето на политика. ВМРО-ДПМНЕ се одлучи за непосреден избор на претседател и раководство на Општинските Комитети директно од членството, понатаму демократски избор на идни државни функционери, кандидати за градоначалници.
Во насока на прогресивност и демократизација, се воведуваат нови органи и тела партијата, Унија на ветерани, како и форум на интелектуалци, а се ограничува и правото на реизбор на претседател на партијата и на други функционери“, објасни Николовска додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е народна, државотворна, демократска партија со конзервативна идеологија, која што ги застапува и штити македонските национални интереси и негува европски демохристијански традиции.
Таа истакна дека во статутот се потенцира важноста на рамномерната застапеност на жените и мажите во рамки на органите и телата на партијата, како и застапеноста на младите во внатрепартиските структури.
„Се ограничува мандатот на Претседателот на партијата, Претседателите на Општинските Комитети, како и на претседателите и членовите на сите органи и тела кои се бираат на Конгрес, новиот Статут им го ограничува нивниот мандат на 4 години, при што максимум на истата функција, еден од овие функционери може да се задржи најмногу три мандати и тоа под услов да третиот мандат е избран од страна на партиските органи и тела со 2/3 мнозинство“, појасни Николовска нагласувајќи дека со новиот Статут, мандатот на сите останати партиски функционери во сите органи и тела на партијата се ограничува на 2 години.
Новиот Статут на партијата исто така не предвидува почесни членови и почесни претседатели на ВМРО-ДПМНЕ