Николовски: Пред нас следува внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

Се уште актуелниот министер за земјоделие Љупчо Николовски од СДСМ на социјалните мрежи пишува дека во наредниот период ќе следи реорганизација на партијата.

Според него, по ова СДСМ ќе биде обединет и победнички.

-Искрено и од срце сакам да се заблагодарам до сите граѓани за дадената поддршка, до секој член и симпатизер на СДСМ за вложеноста и посветеноста во изборите. Како претставник на граѓаните во Собранието останувам посветен во борбата за подобар живот на секој еден граѓанин, на земјоделците и развојот на македонскиот исток. Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет и победнички, објави тој на својот профил на Фејсбук.

 

Претходна вестДИК и официјално потврди дека Гордана Силјановска – Давкова е избрана за претседател на државата
Следна вестЦУК: Возрасна жена паднала во стрмен засек покрај земјениот пат од Неготино кон Тимјаник