Николовски: ВМРО-ДПМНЕ манипулира, трошоците се однесуваат стриктно на посети од странски делегации

Наместо да се однесуваат како власт и ги решаваат проблемите на земјоделците кои секојдневно се напластуваат, ВМРО- ДПМНЕ повторно манипулира, одговори поранешниот министер Љупчо Николовски на обвинувањата од владеачката партија.

-Трошоците кои се објавени се однесуваат стриктно на посети од странски делегации кадешто ние сме ја имале честа да бидеме домаќини, меѓу нив беа министри од регионот, Министер за земјоделство на Германија, високи дипломатски претставници од САД и Европа, кои се вистински пријатели на нашата држава а кои гледаме како ВМРО-ДПМНЕ полека но сигурно од сите прави непријатели. Сите трошоци се целосно во согласност со одлуката на Владата која јас како Вицепремиер ја предложив од 2021 година која ја регулира и ограничува употребата на средства за угостителски услуги, наведе Николовски.

Тој додава дека како Министер за земјоделство никогаш нема трошено средства од службената картичка а воедно биле преземени голем број мерки како механизам за подигање на транспарентноста и интегритетот на институцијата.

-Додека јас бев Министер, МЗШВ е прогласена за најтранспарентна институција и институција со највисок степен на интегритет, одговори Николовски.

Претходна вестЈон Фрчкоски избран за нов директор на Центарот за истражување и анализа на СДСМ
Следна вестТАВ изготвува план за развој на авиосообраќајот во Македонија за наредните 20-30 години