Нобеловата награда за физика годинава им припадна на Агостини, Краус и Л’Хуије, го снимија милјардитиот дел од секундата

Ова откритие ќе може да го користиме, на пример, за да видиме како точно се движат електроните околу атомот. Ќе се разбистри електронскиот „облак“. Но, ќе можеме и да дијагностицираме рак преку набљудување на микропроцесите во нашето тело, во клетките. Замислете еден миг кој трае помалку од секунда. Половина секунда, наносекунда…или можеби, миг толку краток што вакви мигови во една нормална секунда има колку што имало секунди досега во 13,7-те милијарди години откако постои нашиот универзум, односно, откако се случил големиот Бенг.

Овој мал миг се нарекува „атосекунда“, а тројца физичари кои открија како да снимат блесок од светлина во една таква атосекунда ја добија годинешната Нобелова награда за физика. Пјер Агостини, Ференц Краус и Ен Л’Хуије ќе поделат 11 милиони шведски круни на три еднакви делови.

Што добиваме со ваквото фоткање на светлината? Замислете дека снимате куршум кој лета во воздухот. Ако го снимаме со нормална камера тогаш имаме 24 кадри во секунда кои ги перцепираме слеано како едно движење.

Претходна вестЗдружението на контролори на летање: Условите во кои работиме се повеќе од срамни
Следна вестПо терристичките напади Пакистан им порача на илегалните мигранти: Веднаш напуштете ја земјата или ќе ве избркаме