Пороен дожд кој некаде ќе надмине 20 литри на метар квадратен и силен ветер од преку 70 километри на час најавува УХМР за утре, а во наредните денови се очекува и заладување.
Облачноста ќе почне да се зголемува уште денеска, во вечерните часови, а во текот на ноќта во северозападните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Во Скопската котлина во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи дожд и слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ветровито и студено.
За викендот ќе биде многу студено со врнежи од снег. Утринските температури на места ќе се спуштат и до минус 12 степени, а и дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата.