Три лица се тешко повредени во две сообраќајни несреќи што се случиле ноќеска малку по полноќ. Полцијата соопшти дека денеска во 00.08 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Скопје на Булевар „8-ми Септември“, патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Д.(34) од Скопје удрило во малолетен пешак од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, се наведува во соопштението.
На полноќ во 00.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, патничко моторно возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(35) од Скопје, удрило во билборд.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека сопатничката М.К.(27) од Скопје со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, наведуваат од МВР.