Ноќеска започнува летното сметање на времето со тоа што во 02:00 часот наутро стрелките на часовникот треба да се поместат еден час напред, и со што времето во 02:00 ќе се смета како 03:00 часот.
Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 03:00 часот, така што тогаш со поместување за еден час наназад, времето во 03:00 часот, ќе се смета како 02:00 часот.
-Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви, информираше Владата во вторникот.