Норвешка ја пушти во употреба најголемата пловечка ветроелектрана на светот

Норвешкиот престолонаследник Хакон денеска ја отвори најголемата пловечка електрана на ветер во светот во близина на нафтената платформа Гулфакс Ц во Северното Море. Електраната ќе снабдува електрична енергија пет платформи за нафта и гас за да се намалат нивните емисии на јаглерод диоксид.

– Денес правиме историја“, рече премиерот Јонас Гар Сторе на отворањето, пренесе новинската агенција НТБ. „Иако проектот е скап, некој мораше да биде лидер на таа технологија, додаде премиерот.

„Hywind Tampen“ е првата фабрика од ваков тип во Норвешка и се состои од единаесет пловечки турбини. Изградбата чинела речиси 700 милиони евра.

Со вкупен планиран капацитет од 88 мегавати, се очекува да покрие приближно една третина од потребите за електрична енергија на платформите за нафта и гас.

Претходна вестВо скопско активен само пожарот кај Блаце
Следна вестПочнува 62. издание на Струшките вечери на поезијата