Нов датум за вакцините од „Фајзер“: Стигна договорот, објави Заев

Првите вакцини од „Фајзер“ што државата ги договори ќе пристигнат до крајот на март, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

Се работи за вкупно 2,5 милиони вакцини, од кои во март ќе пристигнат 21.000.

-Договорот од „Фајзер“ стигна. Единствената причини е недостатокот на производство за која било вакцина. Ние сме мала земја, сакам да го осигурам и му гарантирам на нашиот народ дека како Влада, како Министерство за здравство имаме направено повеќе од тоа што е доволно имајќи предвид дека ќе треба еден милион народ од прилика да се вакцинира за да ја постигнеме имунизацијата, за која би било потребно да има два милиона вакцини.

Во меѓувреме, јавноста и натаму очекува сериозно и издржано објаснување зошто вакцините од кинески „Синофарм“, иако најавувани како, „само што не дошле“, ги нема ни на повидок, па дури и авансот што беше уплатен, е вратен.

Претходна вестОваа дупка на надвозникот во Автокоманда видлива ли е?
Следна вестПовторно висок број новопримени пациенти со ковид во болниците во Скопје