Нов лек за цистична фиброза за три дечиња, ако е добар ќе биде редовна терапија

Три деца со цистична фиброза во земјава ќе можат да се лекуваат и со нов лек, Kalydeco/Ivacaftor.

Ќе се користи два месеци, по што Клиниката за детски болести ќе направи анализа за успешноста на терапијата со овој лек кој не е во Програмата за лекување на ретки болести за 2021 година.

Се работи за доживотна терапија и доколку резултатите се позитивни лекот Kalydeco/Ivacaftor преку Комисијата за ретки болести, ќе биде обезбедуван за третман на оваа ретка болест.

Набавката на лекот сега ќе биде преку условен буџет од договорениот буџет за 2021 година за Детската Клиника, што ќе го обезбеди Фондот за здравствено осигурување.

Претходна вестССМ: Ако државата не продолжи со субвенции за плати, работници ќе останат на улица
Следна вестНи З од зима – УХМР за утре најавува 16 степени