Нов предизвик на Тик ток, Супермен челинџ, повредени се десетина ученици

Во последните три дена само во болницата „Св.Наум Охридски“ во Скопје примени биле десетина средношколци повредени како резултат на ризичниот Тик ток предизвик „Супермен“.

Станува збор за опасен предизвик кој се шири меѓу средношколците, но и поголемите основци. Меѓу повредите има и скршеници.

Предизвикот е еден да скокне со испружена рака како стрип ликот Супермен и групата го фаќа и го фрла предизвиканото момче или девојче во висина. Кога детето ќе скокне врз група на деца тие или ќе го фатат или не. Од видеата што кружат по социјалните мрежи најчесто се гледа дека групата се трга настрана и детето паѓа директно на бетонот.

Докторите велат дека ваквите предизвици се многу опасни и повредите може да бидат со многу потешки последици по здравјето на децата.

Еден од овие случаи е дел и од билтенот на МВР: „Во СВР Скопје Ф.Д. (32) од село Пакошево, Општина Зелениково, пријавил дека по завршување на часовите, во близина на основното училиште во село Зелениково, Скопско, неговиот осумгодишен син добил со тешка телесна повреда при игра со соучениците. Повредата е констатирана во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот“.

Претходна вестИ денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 12 степени
Следна вестСите влади досега сакале да имаат контрола врз судството и обвинителството, рече екс обвинителката Русковска