Нов претседателски кандидат започна со собирање на 10.000 потписи

Нов, вкупно 14-ти кандидат, денеска влезе во постапка за собирање на потребните 10.000 граѓански потписи за да се стане претседателски кандидат на претстојните избори, закажани за 24 април прв круг и 8 мај втор. На три дена пре дистекот на официјалниот рок за собирање на потписи кој истекува на 8 март до Државната изборна комисија пристигна нова кандидатура на лицето Гоце Ристов.

-До Државната Изборна комисија е доставена Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија, од страна на Гоце Ристов. Потписите ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата, објави ДИК.

Потребните 10.000 потписи ги собра Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од албанската опозиција, Максим Димитриевски од ЗНАМ, Билјана Ванковска од Левица, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО ДПМНЕ и Стево Пендаровски од СДСМ.

Претходна вестПолицаец физички нападнал негови колеги кои спроведувале затвореник на Клиника
Следна вестКовачевски и Пендаровски грешат во пресметката или ќе не внесат порано од 2030 година во ЕУ?