Нов протест за скандалот на Онкологија: Се бараат оставки, правда за жртвите, казни…

Одговорност и оставки од инволвираните и правда за жртвите во скандалот на Клиниката за онкологија побараа граѓаните што синоќа излегоа на протест пред Владата. Ова е втор протест по скандалот со кражбата на лекови и сомнежите дека на пациентите им биле давани физиолошки раствори, а скапите лекови завршувале на црниот пазар. Простестот беше организиран од неформалното здружение на социјалната мрежа „Фејсбук“ – „ Протест против убиството на онкологија“.

Граѓаните кои носеа трансперенти на кои пишуваше „Го уапсивте ли кабелот?“, „Нашиот молк им дава храброст“, „Крвави се парите!“… порачаа дека во овој случај вината не смее да биде како во случајот со модуларната болница во Тетово. Тие со црвена боја на булеварот пред Владата го испишаа  зборот „одговорност“, а на тротоарот беше оставена торба со „крвави пари“.

Пред пресутните се обрати и Даријан Петров, чија мајка во 2020 година ја загубила битката со канцерот. Тој порача дека треба болката да се трансформира во борба за подобро утре, подобар систем и здрави вредности.

–Ве охрабрувам сите, да ја искористиме нашата болка која ја создадоа монструозните умови во нашата земја Македонија и да ја трансформираме во достоинствена борба за подобро утре, во критика на системот на секој можен начин, во градење здрава заедница, здрави вредности, соживот. На секоја неправда како оваа на Онкологија и на секоја неправда во иднина, мирно и достоинствено да кажеме жестоко „не“. Во земја која е на фрагилни нозе и на Планета која е во уште пофрагилна состојба, да изградиме вредност на почит на секој еден живот, без оглед на етничка позадина, социјален статус или каква било различност, рече Петров.

Учесниците на денешниот протест потоа се упатија пред зградата на Јавното Обвинителство, фрлаа со јајца по фасадата и испишаа порака во која бараат правда.

Претходна вестЌе открие ли Бугарија некогаш каде се останките на народните херои Стив Наумов и Мите Богоевски?
Следна вестШест месеци по потпишувањето на договорот и добиени 170 милиони евра, „Бехтел и Енка“ почнува со градежни работи на Коридорот 8