Нов протест за случајот Онкологија, се бара правда за пациентите

Попладнево пред Владата започна нов протести на граѓаните против скандалот на Клиниката за онкологија. Стотина граѓани со транспаренти побараа правда за сите оние кои го изгубиле животот на оваа клиника.

Протести се организираат од почетокот на месец септември. Јавноста беше згрозена од откритието на новинарите дека на Клиниката за онкологија можно е некои пациенти да не ја примале потребната терапија, како и дека се крадат лекови, па дури дека и се доделуваат државјанства на лица од соседните држави, само да можат да се лекуваат кај нас.

Претходна вестДел од Скопје утре ќе остане без вода
Следна вестМлада скопјанка нападната од поранешниот партнер