Бројот на лица хоспитализирани ооради компликации од ковид се зголеми на 1.082 во целата држава.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 67 нови пациенти, што е досега најголема бројка.
Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, во Скопје отворен е и ковид-центарот на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).
Во последното деноноќие, најмногу од приемите биле на Интерните клиники – 35, во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 18 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника. Во Козле биле примени двајца нови пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 41 оздравен пациент.
Во ковид-центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 619 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Поради зголемениот број приеми, низ целата држава има околу 340 слободни кревети, а во Скопје 50.