Нов случај на корона вирус, во стручниот штаб кај ракометарите

 

Македонската ракометна репрезентација утрово патува за Швајцарија, каде нашите најдобри ракометари утре ќе излезат на мегдан со домашната селекција во обид да стигнат до триумф со кој широко би си ги отвориле вратите кон пласман на ЕП 2022. Најновите тестирања на Covid-19 донесоа негативни резултати кај сите ракометари, но затоа позитивен беше уште еден член на стручниот штаб на Брестовац.

Селекторот од претходно остана без помошта на првиот асистент Матлиески и на тренерот на голманите, Царчев, како замена пристигна и Раде Стојановиќ, но и тој беше позитивен на стартот од подготовките, а по најновиот случај на коронавирус Брестовац ќе остане осамен во стручниот штаб за дуелот во Шафхаузен.

Во однос на претходниот дуел со Финска селекторот се реши во националниот тим да го вклучи искусниот Кукоски од Еурофарм Пелистер, кој би требало да донесе дополнителна цврстина во одбраната за мечот со Швајцарија.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Филипче држи банални и бледи прес конференции и си продолжува со портпаролска работа
Следна вестМинистерот Филипче чека донација од Кина на 60 возила за итна медицинска помош