Нова опрема за да се смени сликата за „Дрисла“ како еколошко жариште

Два булдожери и два натоварувачи на отпад доби ЈП Дрисла.

Со оваа опрема ќе се обезбеди побрзо третирање на отпадот и заштеда од досегашната пракса на изнајмување на градежни машини од надворешни компании.

Опремата на ЈП Дрисла е стара, а дополнителни трошоци се правеа со изнајмување машини од надворешни компании.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, во овој потег гледа заштеда на финансиски средства, додека директорот на Дрисла Јане Мицевски вели дека инвестиција е важна за да се спречи еколошко жариште во градот.

-Четирите машини со вредност од околу 30 милиони денари се според европските и светски стандарди за квалитет на градежната опрема и за емисија на издувни гасови, со што се овозможува не само заштеда на гориво туку и подобрување на работните процеси и услугите за граѓаните. Градежните машини кои се користеа досега се стари, амортизирани и во многу лоша состојба, постојано се случуваат дефекти кои секојдневно се сервисираат во рамките на можностите. Со новата механизација ќе имаме континуитет во работењето и ќе го забрзаме процесот со цел да се превенира создавање на еколошко жариште, изјави Мицевски.

Пред две недели беше пуштен во употреба и стерилизаторот за медицински отпад.

Претходна вестКовид-состојба: Нови 324 заразени, секој седми тестиран бил позитивен – четири починати
Следна вестАко не се постигне договор со Владата за платите, СОНК ќе оди на протест или штрајк