Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.908 тестови, а регистрирани се 127 нови случаи со КОВИД-19.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени две починати лица од Скопје (82г) и Охрид (91г), едното починато во домашни услови и второто во болнички, пријавени во период од 02.04 до 12.04.2022 година.
Од 127 новозаболени од Скопје се 57, Битола 24, Охрид 7 , Прилеп и Велес по 5, Струга, Берово и Валандово по 4, Кавадарци и Кичево по 3, Куманово и Струмица по 2 и Штип, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Делчево, Демир Капија и Македонска Каменица по 1.
Од вкупниот број на позитивни (127), регистрирани се 20 реинфекции.
Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 308.878, бројот на оздравени пациенти е 298.811, на починати е 9.265, а на активни случаи изнесува 802, од кои 431 во Скопје.