Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа од направени 1.362 тестови, регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19 (13, 4 отсто): Скопје – 135, Кавадарци и Струмица – по 7, Куманово – 6, Гевгелија – 5, Прилеп, Штип и Струга – по 4, Гостивар – 3, Охрид и Богданци – по 2, Битола, Кочани, Неготино и Крива Паланка – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (183), регистрирани се 24 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: 3 починати лица од Скопје (60г, 69г и 89г) и по едно починато лице од Куманово (65г), Кочани (45г) и Тетово (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Скопје (3). Починатите лица се на возраст од 68г. до 93г. Лицата за починати се пријавени во период од 23.02. до 26.02.2022. Сите лица се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 7 лица се регистрирани коморбидитети.
Регистриран сe 845 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.262, бројот на оздравени пациенти е 284.756, на починати е 9.010 а бројот на активни случаи изнесува 3.496, од кои 1.895 во Скопје.