Во последните 24 часа, од направени 1.016 тестирања, регистрирани се 25 нови случаи на ковид -19, додека бројот на починатите е 16 лица, соопшти денеска Министерството за здравство.
Од починатите, најмногу, 6, се од Скопје (61г,65г,71г,74г,76г и 80г), 2 лица од Тетово (69г и 82г) и по 1 починато лице од Битола (85г), Охрид (79г), Куманово (55г), Кавадарци (83г), Гостивар (77г), Кичево (72г), Радовиш (62г) и Делчево (72г).
Од пријавените, 2 се починати во домашни услови, а останатите 14 лица се починати во болнички услови.
Од новите регистрирани случаи, најмногу се во Скопје – 15, Куманово – 4, Прилеп, Тетово, Гостивар, Кичево, Берово и Виница – по 1.
Регистрирани се 408 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.051, бројката на оздравени пациенти е 138.370, на починати е 5.109, а бројот на активни случаи изнесува 10.572.