Нови 30 дена притвор за Усеини и брат му, судот се сомнева дека ќе избегаат

Нови 30 дена притвор им се одредени на Нефи Усеини и брат му, од страна на охридскиот суд, по барање на Обвинителството. Инаку за нив е поднесен обвинителниот акт со кој се гонат за нападот на нивниот сограѓанин Спире Топалоски.

Мерката е продолжена поради соменевањето дека тие можат да избегаат и да бидат недостапни за органите на прогонот.

Браќата Усеини веќе осум дена се наоѓаат во притвор, откако претходно полицијата не можеше да ги најде во нивните домови и објави локален распис по полициските станици. Двајцата се гонат за кривично дело насилство. За да излезат од притвор, тие понудија и гаранција од 30 илјади евра, која охридскиот суд ја прифати, а, пак, Апелациониот суд во Битола ја одби.

Претходна вестЌе бидат ли Грчев и многуте други експерти пак советници во Владата и министерствата?
Следна вестЗагрижувачко: За еден ден пријавени седум тепачки во скопско