Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.358 тестови, а регистрирани се 318 нови случаи со ковид-19 (13,4 отсто), седум починати и 468 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од 318 новозаболени од Скопје се 166, Битола 24, Велес и Прилеп по 18, Кичево 14, Куманово 12, Кавадраци и Охрид по 10, Ресен 9, Гостивар 6, Тетово 5, Дебар 4, Кочани, Гевгелија и Неготино по 3, Радовиш, Крива Палнака, Богданци и Демир Хисар по 2 и Штип, Струмица, Струга, Валандово и Виница – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (318), регистрирани се 43 реинфекции.
Од седумте починати три се од Скопје (73г, 84г и 87г) и по едно починато лице од Куманово (67г), Охрид (68г), Штип (71г) и Кавадарци (56г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 6 починати лица од: Гевгелија(2), Струга(1), Неготино(1), Прилеп (1) и Велес (1). Починатите лица се на возраст од 58г. до 85г. Лицата се починати во период од 11.02. до 05.03.2022. Од пријавените починати лица, 2 се починати во болнички услови и 4 лица се починати во домашни услови. Сите починати лица (13), се со регистрирани коморбидитети.
Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 300.714, бројот на оздравени пациенти е 289.532, на починати е 9.117 а на активни случаи изнесува 2.065, од кои 1.148 во Скопје.