Нови 411 заразени, четири починати во 24 часа и уште тројца од претходно

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 4 починати лица: 2 починати лица од Скопје (82г, и 65г), и по едно починато лице од Куманово (74г) и Пробиштип (39г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 31.08.2021 до 16.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Скопје и едно лице од Кичево, на возраст од 80 до 93 години. Од пријавени лица, две се починати во домашни услови и едно лице е во болнички услови.

Направени се 3.209 тестирањe, а регистрирани се 411 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 198, Куманово – 40, Штип – 19, Велес – 18, Кавадарци и Кочани – по 16, Прилеп – 15, Битола – 13, Крива Паланка – 10, Тетово и Радовиш – по 7, Струга – 6, Струмица и Пробиштип – по 5, Гевгелија, Неготино и Ресен – по 4, Охрид, Кичево, Свети Николе, Богданци, Крушево и Македонска Каменица – по 3, Валандово и Демир Хисар – по 2, Делчево и Виница  – по 1.

Регистрирани сe 271 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.057, бројот на оздравени пациенти е 185.931, на починати е 7.019, а бројот на активни случаи изнесува 6.107, од кои 3.082 во Скопје.

Претходна вестМатичар „прогласил“ за почината жена што е жива
Следна вестВладата го обвини професорот Георгиев за инсинуации