Во последното деноноќие се направени 3.007 тестирања, а регистрирани се 43 нови случаи на ковид-19, во истиот период се починати шест лица, а оздравени се 48 пациенти.
Новите случаи по градови се во: Скопје – 24, Куманово – 5, Битола и Охрид – по 3, Прилеп, Тетово и Кичево – по 2, Гевгелија и Виница – по 1.
Оздравените пациенти се од: Скопје – 17, Прилеп – 6, Битола – 5, Охрид – 4, Штип, Струга и Ресен – по 3, Куманово,Тетово, Виница, Гостивар, Струмица, Кочани и Пробиштип – по 1.
Пријавени се вкупно шест починати лица: 2 лица од Скопје (67г и 86г) и по едно лице од Битола (79г), Куманово (81г), Тетово (73г) и Велес (66г). Од пријавените, две лица се починати во домашни, а останатите четири во болнички услови.
Вкупната бројка на дијагностицирани лица со ковид во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.345, бројката на оздравени пациенти е 148.846, на починати е 5.429, а бројот на активни случаи изнесува 1.070 од кои 444 во Скопје.