Нови 48 заразени и двајца починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 1.192 тестови, а регистрирани се 48 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 42, Кавадарци – 3, Гостивар – 2 и Прилеп – 1
Од вкупниот број на позитивни (48), регистрирани се 7 реинфекции.
Регистрирани сe 253 оздравени пациенти.
Од вкупниот број на починати лица ( 2 ), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.114, бројот на оздравени пациенти е 294.072, на починати е 9.208, а бројот на активни случаи изнесува 1.834, од кои 1.027 во Скопје.
Претходна вестЌе се сади ли помасовно дрвца низ Скопје, има многу места за тоа?
Следна вестПетков: Дојдовме до напредок по прашањата за историски личности