Во изминатите денови министерот Арбен Таравари именувал нови в.д. директори на 10 јавни здравствени установи, информира денеска Министерството за здравство.
Нов в.д. директор на Центарот за јавно здравје – Скопје е Муамет Демири. На штипската Клиничка болница – Владко Захариев. На Општата болница – Кичево е Маја Цветановска Трајковска, а на Општата болница – Струга е Владимир Бунчевски. На Општата болница со проширена дејност – Дебар е Севдије Коџа. На Здравствениот дом – Струга е Арбен Лабеништа.
Жан Лозановски е назначен за в.д. директор на Психијатриската болница – Демир Хисар, Херољинд Сакипи на Центарот за јавно здравје – Куманово, Благоја Китановски на Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања – Отешево, а Башким Шабани на Универзитетската клиника за урологија.