Нова дојава за поставена експлозивна направа утринава е добиена во скопската гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“ во општина Центар. Во тек е евакуацијата на учениците и на наставниот персонал. Полицијата ја започнала стандардната процедура за проверка.
По паузата од пет дена ова е нова дојава за поставена бомба. Се уште не е познато дали имало дојави и во други училишта.
На 2 декември имаше дојдава за бомби во три училишта но подоцнежната проверка покажала дека тие се лажни. Ден претходно, дојави биле добиени во девет скопски училишта, но и тие биле лажни.