Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска засадија 2 врби и 8 туи кај Пожарната
станица во Тафталиџе на место на едно паднато дрво од минатонеделните снежни
врнежи, а на улицата Народен фронт засадија 4 туи на местото на едно искршено
дрво.
Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ продолжуваат посветено со мисијата
секое паднато и исечено дрво да биде заменето со ново, а онаму каде што има
услови да биде заменето со садење на повеќе садници.