Нови шест пратеници на местата на избраните градонaчалници, четири се од ВМРО-ДПМНЕ и двајца од СДСМ

Собранието денеска попладне на пленарна седница ги верификуваше  мандатите на новите пратеници откако неколкумина народни избраници станаа градоначалници на локалните избори што завршија во неделата.

„За“ гласаа 83 пратеници, немаше против и воздржани. На местото на Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е избран за нов градоначалник на Општина Аеродром, доаѓа Тони Јаревски, а на местото на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој стана градоначалник на Општина Бутел доаѓа Зоран Коцевски.  На местото на Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ, кој е новиот градоначалник на Штип, доаѓа Драган Ковачки.

Костадин Костадинов, кој е нов градоначалник на Струмица, во собраниските клупи ќе го замени Љубица Спасова, а Кирил Пецаков, кој стана градоначалник на Охрид, Грација Бакраческа. Биљал Касами, кој на локалните избори беше избран за градоначалник на Тетово, ќе го замени Драгољуб Филиповски.

 

Претходна вестФатен шверцер на мигранти, кој требало да биде во притвор
Следна вестВо Србија 5.725 новозаразени со коронавирус, 68 лица починаа