Новковска за пописот: Од турско од сега немало вакво понижување на официјалната статистика

 

Поминаа неколку денови откако заврши попишувањето во Македонија. Сега се чекаат средување – обработка на попишаните материјали и објавување на резултатите. Целта е со овој попис да се расчистат дилемите и нејаснотиите кои се таложеа минатите 20 години откако последен пат имаше попис на населението и домовите во државата. Ќе се постигне ли таа цел? Надлежните уверуваат дека успеале, но веќе во неколку наврати деновиве долгогодишната поранешна директорка на Државниот завод за статистика, доц. д-р Благица Новковска посочува дека неуспешноста на пописот е видлива.

Најновата нејзина реакција преку Фејсбук од синоќа ви ја пренесуваме во целост:

-РЕЗИЛ попис! Од турско досега вакво понижување на официјалната статистика немало. Прецизни и средени пописни резултати за населението на овие простори има во дефтерите од 12, 13 век . Денес се резилиме со спроведување на нешто што треба да покаже колку сме и кои сме. А само покажа какви сме.

Директорот на ДЗС вели населението може ќе биде помалку од 1.8 мил., а може ќе биде повеќе од 1.8 мил???!!! Заради двојното попишување сигурно е многуууу помалку, ама како ќе биде зголемено, не знам. Но сигурна сум дека нивото на резилот допрва ќе се зголемува. Да повторам: неевидентирани се повеќе од 350.000 државјани и испуштени се повеќе од 100.000 домаќинства, а бројот на становите е нереален, напишала Новковска.

Инаку во една од претходните реакции таа укажува дека на пописот всушност се собирале матини броеви.

Претходна вестОставки нема, а барем ги проверуваат ли каблите во другите болници низ Македонија?
Следна вестДецентрализирајте ги партиите за изборите да бидат навистина локални