Од полноќ ново поскапување на горивата. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46% во однос на одлуката од пред 4 дена.
Па така, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,5 денари за литар, на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство, се зголемуваат за 1,5.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 89, а на 98 –цата, 91,5 денари за литар. Дизелот ќе чини 93,5, а маслото за горење, односно екстра лесното, 90 денари за литар. Новата цена на мазутот е 51, 686 денари за килограм.